Николовски: Со одлуката за уривање на дивоградбата кај Мавровка ја покажуваме заложбата за вртење на вниманието навнатре

Новиот вицепремиер за борба против корупцијата и досегашен генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, преку објава на Фејсбук посочи на посветеноста на Владата за подобрување на системот со донесената одлука за уривање на дивоградбата во ТЦ Мавровка која е бесправно изградена на местото каде порано се наоѓаше кафуле кое настрада во пожар.

„Со одлуката за уривање на дивоградбата кај Мавровка на денешната прва седница на Владата ја покажуваме заложбата за вртење на вниманието навнатре, за отпочнување процеси на подобрувања во рамки на системот.

Им честитам на сите колеги од владиниот состав и им посакувам многу успеси во овој мандат. Се надевам дека ќе можам да бидам од помош во остварување на дел од целите кои стојат пред сите нас.

Очекувам одлична соработка и многу заеднички успеси, напиша Николовски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега