Николовски: Во Прилеп обновивме пат оставен уште од времето на Тито

Наследивме општини потонати во долгови, но како власт обезбедивме 50 милиони евра, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на партиската трибина во Прилеп, додавајќи дека секоја општина добила неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови.

Вели дека со овие средства се олеснила работата на градоначалниците и тие можеле да се посветат на проекти и планови за развој на локалните самоуправи, потенцирајќи дека токму во Прилеп се реализирани клучни капитални проекти.

 -Од времето на Тито за првпат е обновен патот до вештачкото езеро, на браната се изведени зафати за првпат после 60 години. За првпат после 40 години патот до Мариово е обновен. Децении оставени на забот на времето, ние тоа го променивме, истакна Николовски.

Рече дека власта изградила модерен, функционален информатичко-технолошки Центар за МВР вреден над 3 милиони евра, како и пречистителна станица вредна над 9 милиони евра со поддршка од ЕУ.

-Ќе го споменам и булеварот Гоце Делчев, модерен, европски, започна изградба на нова градинка, стадионот и многу други... Во Прилеп, во градот на храброста, на борбеноста, на револуцијата, во градот на промените на подобро е вистинско место да се зборува за „Најдоброто“, заклучи Николовски.

14.06.2021 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега