Николовски во Велес: Направивме модел што ќе обезбеди младите луѓе да се развиваат и напредуваат дома

 
Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска во Велес изјави дека е дете на работничко семејство, и оти знае што значи работа, труд, напор да си ја оствариш целта и оти е свесен дека на повеќето млади во земјата не им е лесно да испливаат на површина. Токму затоа, додаде тој, се бори да направи да биде правило квалитетот да испливува горе, а на дното да останат неработниците и оние кои сакаат без капка пот да ги жнеат плодовите.
 
 
-Затоа направивме модел кој ќе обезбеди младите луѓе да се развиваат и напредуваат дома, а не во странство. Ќе извезуваме македонски производи, а Македонците ќе останат дома. Квалитетот и знаењето ќе се ценат, а не партиските книшки и врските. Нашите млади заслужуваат еднаква и фер шанса, нема веќе привилегирани, истакна Николовски во Велес.
 
Во изминатите три години, како што рече, Владата на СДСМ ја зголемила понудата на работни места и го олеснила патот до прво вработување на младиот човек.
 
 
-За повеќе од 13 проценти ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица, но треба уште многу, бидејќи се уште е на високи 35%. Преку ефикасни и домаќински политики стапката на младинска невработеност до 2024 година ќе ја донесеме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сегашната, рече носителот на СДСМ на кандидатската листа во ИЕ 3.
 
Преку конкретни мерки инвестирано е и во младите земјоделци, за кои грантот е зголемен од 10 на 20 илјади евра.
 
 
-Со грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра обезбедуваме директна поддршка за младинското и женското претприемништво. За сите нововработени до 29 години ќе има поврат на персонален данок во првите две години од работењето, а парите одат директно на сметките на младите, рече Николовски во Велес.
 
За жал, според него, европскиот прогрес и економскиот развој не е можен со назадна понуда како празната националистичка пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
-Истата партија која иако се удира во гради дека е патриотска, гласаше против се што е добро за вас граѓаните. Гласаа против минималната плата, против повратот на ДДВ, против зелената нафта, против укинувањето на радиодифузната такса и што уште не. Затоа, изборот на 15 јули е многу лесен, рече Николовски во изјава за медиумите во Велес.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега