„Ништо не се гледаше, се се претвори во вода“ - Русинка откри како изгледале разорувачките сцени на Халкидики

За време на ураганот кој вчера го погоди Халкидики загинаа 7 лица, вклучувајќи двајца Руси, еден рибар исчезна, додека 100 луѓе се повредени.

Во тоа подрачје е објавено вонредна состојба. Русика туристка, се наоѓала во селото Неас Мармарас на вториот крак - „Ситонија“.

-Според прогнозата требаше вечерта да врне. Властите не предупредуја на никаква вонредна состојба. После десет часот вечерта, буквално за пет минути, се спушти облак, ништо не се гледаше. Почна град и пона - да летаат кровови, искршени работи насекаде. Само младите дрва останаа на земја - рекла Русинката.

Дваесет минути после почетокот на ураганот снемало струја, а потоа и вода.

-Утрината хотелот сепак функционираше некако и без електрична енергија. Појадокот беше нормален - рекла таа.

Според тоа што таа го икажала инфраструктурата била уништена.

-Овде велат дека најсилниот удар бил на првиот крак, Касандра. Таму загинале 6 лица. Ситонија беше помалку погодена, но и овде е се превртено. На Ситонија целото село Никота е потопено - рекла таа.

Метеоролозите прогнозираат невреме и за во недела и понеделник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега