Ништо од коалиција: Секој сам ќе биде „европскиот фронт“

ДУИ и СДСМ се се подалеку од договор за заеднички настап на изборите. Како што сега стојат работите, поголеми се шансите секоја од овие партии сама да настапи на изборите а околу себе да привлече некои од сателитите со кои традиционално оди на избори во македонскиот блок, или остатоците што останаа по „големата експлозија“ во албанскиот политички блок каде во слободен лет се неколку структури кои пак реално и немаат некое големо влијание на политичката сцена.
Ковачевски вчера во изјава за медиумите беше прилично јасен кога кажа дека неговата партија ќе има носители во сите 6 изборни единици. Иако подоцна попладнето партиски извори од СДСМ на некој начин ја ублажија оваа позиција и лиферуваа брифинзи дека на Бихаќка размислуваат за заеднички носители во неколку изборни единици, пракса која ја имале во рамките на својата коалиција на претходните избори, но истовремено и процес кој не го тестирале во коалиција со партија со која претходно не биле заедно.
Денеска Ковачевски имаше малку помека изјава, односно дека СДСМ ќе има листи во сите 6 изборни единици, без да прецизира дека неговата партија ќе ги има и носителите.
Но сепак, на новинарско прашање потврди дека во моментов се разговара само со оние сателит партии од владејачкиот блок.
Артан Груби во интервју за 360 доби прилично директно прашање. „Сега СДСМ сакаат со вас, а вие не“ беше прашањето до високиот функционер на ДУИ кој рече „Ние сега мериме“
А кога сме кај мерењето последната анкета на ИПИС за МРТВ покажува дека СДМС и ДУИ ниту заедно нема да имаат повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Прогнозите велат дека максимумот до кој може да стигнат на овие избори заедно е бројката 45 што е далеку од 61 колку што е потребно за формирање на Влада.

21.02.2024 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега