Ниту Кузмановска, ниту Костадинов не знаат колку пари земале за патни трошоци

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов во емисија на телевизија Телма кажаа не знаат колку точно инкасирале од ставката патни трошоци во изминатите години.

 

Кузмановска рече дека оваа година земала стан во Скопје и го користи правото на кирија, а патни трошоци зема само за викенд кога патува во својот роден град. Вели дека сега тие трошоци не се повеќе од 2-3 илјади денари месечно. Но, не ја памети сумата која ја земала пред да почне да живее во Скопје.

И Костадинов кажа не се сеќава на сумата која ја земал за патни трошоци.

-Не знам околу износите, но секако согласно законите. Ние сме пратеници и имаме одредени права и обврски. Доколку некој ден дојде решение, и се согласиме за кратење, тоа ќе го направиме. Јас дојдов многу покасно во Парламентот. Секако, кога ќе дојдат нови пратеници може да размислуваат и за друго решение, вели Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега