Ниту Зибери не ја исклучува можноста за нови рестрикции поради британската мутација

Пратеникотод ДУИ, д-р Арбен Зибер не ја исклучува можност за воведување на нови рестриктивни мерки по брзорастечкото ширење на британскиот сој од коронавирусот.

Во изјава за Канал 5, рече дека и во моментот во Европа има рестрикции поради појавата на новата мутација.

-И кај нас истото може да ни се случи, да се воведат мерките ако ни се зголемуваат бројките и ако ни се исполнат болничките капацитети. Ние секогаш мерките ги носиме и ги воведуваме во зависност од тоа каква е ситуацијата на терен, рече Зибери.

Според него, за победа на пандемијата важна е вакцинацијата, но многу поважна е свеста на луѓето.

-Не можеме ние да кажеме дека ќе можеме да се справиме со овој вирус, со оваа пандемија само со вакцинирање. Факт е дека и вакцината ќе помогне, но во моментот кога имаме зголемен број на заразени, сигурно дека и тие што се заразени не можат да подлежат на вакцинација и ќе има протокол кој може да се вакцинира и кога може да се вакцинира, рече Зибери апелирајќи да се почитуваат заштитните мерки.

Според него, само со комбинација од имунизација на населението и почитување на мерките може да има позитивен резултат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега