Честитка од ДУИ за Рамазан

Демократската унија за интеграција и лидерот на партијата Али Ахмети упатија честитка почетокот на светиот месец Рамазан до сите верници од муслиманска вероисповед.

- Рамазан е добредојден за сите нас бидејќи нашата посветеност за овој месец ни овозможува да бидеме поблиску до Бога и семејството, истовремено ни носи мир и подобри меѓучовечки односи, се вели во честитката.  

Во честитката се изразува надеж дека овој свет месец во секое семејство ќе донесе мир, спокојство и хармонија.

- Овој благословен празник не потсетува на човечките вредности над кои силно рефлектираме во текот на постот, се вели во честитката.

27.06.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега