УСАИД ја проширува иницијативата за одгледување пченка

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска го одбележи проширувањето на иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка во Полог каде годинава донираше 15 системи за наводнување капка по капка за пченка. Директорот на УСАИД/Македонија, Џејмс Стаин, свечено вклучи два од новите 15 системи капка по капка на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на село Јанчиште.

-Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013 со донација на 40 системи капка по капка на мали производители на пченка како дел од иницијативата на УСАИД Да одгледуваме повеќе пченка, рече Џејмс Стаин, директорот на УСАИД/Македонија. Ако нашето искуство од минатата година е некаков показател, сигурен сум дека комбинацијата на системите капка по капка и добрите земјоделски партики ќе има огромен ефект врз приносите на пченка.

На настанот присуствуваа градоначалниците од полошкиот регион, претставници од АПРЗ и ФФРМ, претставници од млекарите Фејзи, Екошар, Алпи, Лактоза, Муневере, Хит 73 и Тетовска млекара, како и земјоделци и сточари од регионот.

Во 2013 Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка за повеќе од 50%. Затоа што пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат 4 пати повеќе крави со истата површина на пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи.

 

 

27.06.2014 - 15:47
Фото: 
Sitel.com.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега