Иванов со честитка по повод рамазанските пости

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во државата.

- Одбележувајќи го почнувањето на постите за големиот празник Рамазан-бајрам, кој според муслиманските верувања е месец на проштавање, истрајност и посветеност кон верата, верувам дека и годинашново празнување ќе помине во духот на споделување на љубов, милосрдие и добрина, стои во честитката на претседателот.

Иванов во честитката додава: - Од се срце Ви посакувам рамазанските пости да Ви бидат исполнети со хармонија и во радост да го дочекате големиот празник Рамазан-бајрам. На припадниците на исламската заедница во земјава им посакувам фамилијарна топлина, мир и љубов.

27.06.2014 - 16:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега