Годишна работилница на ФЗОМ со Здружение на приватни лекари на Македонија

Превенцијата беше тема на годишната работилница на Фондот за здравствено осигурување на Македонија со Здружение на приватни лекари на Македонија.

Директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова потенцира дека превенцијата, како голем проект на Фондот и Владата, на почетокот почнал со доза на резерва. Додаде дека веќе има позитивни искуства и спасени човечки животи.

- Со резултати и статистика, ФЗОМ ќе излезе на 15 јули. Со ваквите проекти на превенција во здраството, Македонија е пред земјите во регионот, а матичнните лекари докажаа дека освен што лекуваат, превентивно го штитат здравјето на граѓаните во Македонија, потенцира Парнарџиева-Змејкова.

Таа информира дека во Скопје се отворени осум дежурни пунктови за превенција кои работат секој ден до 19 часот и во сабота. Деновиве е промовиран и пункт во Здраствен дом Идадија во Скопје.

Парнарџиева-Змејкова истакна дека вакви превентивни здравствени пунктови наскоро ќе се отворат и во здраствените домови во 15 поголеми градови во земјава, од кои најбрзо во Охрид, Струга и Гевгелија.

Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишова изјави дека веќе се постигнати резултати од превентивните прегледи кај граѓаните, проект што се реализира во изминатите шест месеци.

- Со овој заеднички проект на ФЗОМ и матичните лекари се спасени многу животи, потенцира Чолакова Дервишова. Таа додаде дека со овие превентивни прегледи  биле откриени пациенти со холестерол во крвта и други болести, а со превентивна терапија биле спасени човечки животи. Ги советуваше граѓаните, посебно младите  за здрав живот, вклучувајќи здрава исхрана, вежби и движење или трчање секој ден за да си го продолжат сопствениот живот.

27.06.2014 - 17:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега