Грчката полиција запленила фалс-евра со потекло од Македонија

Грчки државјанин бил уапсен со фалсификувани пари кои наводно потекнувале од Македонија. Откако грчката полиција го привела осомничениот, тој признал дека фалсификуваните пари, вкупно 25 банкноти по 100 евра ги добил од негов познаник од Македонија, пренесува Утрински весник. 

Апсењето се случило при случајна проверка на возилото во Амидион, Леринско. Откако полицијата ги открила парите веднаш ги запленила, а 48 годишниот Грк ќе биде изведен пред судот во Лерин. 

Според признанието на уапсениот, фалсификуваните пари ги добил преку пријател, кој пак ги обезбедил преку свој познат во Македонија оваа недела. Случајот го вклучи алармот на грчката полиција, која побарала помош и од македонските власти, со цел да се најде изворот кој обезбедува фалсификувани евра. 

27.06.2014 - 19:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега