Груевски на промоција на десет наслови од најновата едиција – светска филозофија, историја и психологија

Македонските читатели и студенти чекор поблиску до најдобрите филозофски, историски и психолошки дела. Промовирани првите десет наслови од новиот владин проект Врвовите на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа. За прв пат на македонски јазик преведени се најдобрите мисли  на Френсис Бекон, Џон Стјуарт Мил, Алфед Ејер, Малколм Андерсон, Ричард Хал и Ричард Кругер. Со овие дела ќе се поплни децениската празнина од стручна литература во трите области.

„Уште од 1945 година па се до осамостојувањето на Македонија, во овие три научни области биле преведени сосема ограничен број на дела, како на изворна литература, така и на универзитетски учебници. Освен што биле преведени сосема малку книги, тие биле преведувани пред се на српскохрватски јазик, што од своја страна влече рецидиви до ден денеска кога на некои факултети студентите се во ситуација се уште да учат од разни книги и скрипти на овие јазици“ рече премиерот Никола Груевски.

Со овој проект до крајот на 2017 година треба да се преведат вкупно 366 врвни филозофски, историски и психолошки дела кои значително ќе го збогатат македонскиот јазик.

„Врвовите на светската филозофија, историја и психологија се еден од најголемите преведувачки предизвици што воопшто некогаш се поставиле пред нашата јазична и културна заедница. Со него ќе се потврдат и дополнително ќе се развијат капацитетите на македонскиот јазик, неговиот лингвистички потенцијал за артикулација на најсложените нијанси на мислата и значењата на изворните дела“ рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Во изминатиот период со поддршка на Владата на македонски јазик преведени се голем број квалитетни литературни, стучни и научни дела од светски автори.

27.06.2014 - 19:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега