Двајца тешко повредени, по еден се трага - страшна сообраќајка се случи кај Врапчиште

Две лица се потешко повредени, а по едно се трага, по сообраќајната несреќа која попладнево се случила во близина на стадионот во Врапчиште Гостиварско.

Е.Ј. (34) од Врањовце, гостиварско со тешки повреди и во животно загрозувачка состојба е пренесен на скопските клиники.

Според првичните информации на СВР Тетово, попладнево околу 16 часот на регионалнито пат Гостивар-Врапчиште во близина на стадионот, возило БМВ со гостиварски регистерски ознаки, излетало од коловозот и најнапред удрило во ограден ѕид, а потоа и во метална порта. Од ударот со потешки повреди се здобиле Е.Ј, за кој се претпоставува дека управувал со возилото и С.А. (27) од Дебреше.

Двајцата се пренесени во гостиварската болница од каде, по укажаната медицинска помош, транспортирани се за Скопје.

Во возилото било уште едно лице, кое побегнало од местото на настанот, а полицијата трага по него.

Во тек е увид, кој го вршат јавен обвинител и екипа на крим техника.

Како можна причина за сообраќајката се наведува пребрзо возење.

27.06.2014 - 20:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега