(ФОТО) Скандал во Центар - луѓе блиски на Жерновски рушат објекти низ општината
Скандал во Општина Центар. Жител на општината до нашата редакција достави допис во кој обвинува дека луѓе блиски на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски уништуваат базени и спортски објекти.
-Изминативе неколку недели со знаење на општина Центар се уништуваат неколку спортски објекти и базени во Центар во целосна одговорност и надлежност на општината. На нивно место блиски луѓе на Андреј Жерновски и заслужни партиски војници на СДСМ градат дискотеки на диво, без никаква документација и дозвола“, вели загрижениот жител на Центар во дописот кој го испрати до редакцијата на Пресс24.
Според жителот на Центар, прва мета за уништување на луѓето на Жерновски е спортскиот комплекс на АРМ, кој Владата го додели на користење на ФК Работнички. Сега, објаснува жителот, на таа локација, без дозвола од Министерството за одбрана, блиски луѓе на Жерновски градат дисотека.
Комплексот под Кале, „Плаја Виста“ е втората локација за која жителот тврди дека се уништува. Скопјанецот во својот допис до нашата редакција тврди дека и на оваа локација, блиски луѓе на Жерновски градат дискотека.
Скоопјанецот тврди дека се обратил и до Градот Скопје и ресорните министерства, но, оттаму му одговориле дека исклучиво Општина Центар и нејзиниот градоначалник имаат надлежност за ова прашање. Тој се обратил и до Општина Центар, но, оттаму сеуште не му одговориле.
(Фотографиите до редакцијата на ПРесс24 ги испрати жител на општина Центар)