Приштина: Не криеме ништо за првообвинетите во „Монструм“

Не криеме ништо околу екстрадицијата на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“. Но не можеме да извршиме испорачување сè додека не се произнесе Основниот суд во Приштина. Случајот е во нивни раце. Откако ќе ја слушнеме нивната одлука, тогаш останува да се произнесе и министерот за правда. Oва во изјава за „Утрински весник“ го вели советникот на косовскиот министер за правда, Дритон Љајчи.

Според него, во интерес на косовските власти е да ја продолжат конструктивната соработка со македонските колеги.

- Внимателно го следиме случајот, знаеме дека предизвика голем интерес во Македонија. Ја разбираме вашата загриженост, но би сакале да нагласиме дека постои процедура што мора да се испочитува. Министерството за правда на Република Косово и Судскиот совет на Косово се две независни тела. Ние како министерство апсолутно не смееме да се мешаме во работата на Основниот суд во Приштина. Тие треба да се произнесат дали се исполнети условите за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири или не се, секако, ценејќи ги доказите што биле доставени од македонска страна. Не можеме да претпоставуваме каква ќе биде нивната одлука. Мораме да чекаме, а потоа својот став ќе го изнесе и министерот за правда. Ве уверувам дека нема никаква заднина околу случајот. Нашите две држави имаат одлична соработка, со колегите од македонското министерство за правда воспоставивме квалитетен однос и ние би сакале сета работа да се заврши во најскоро време. Но, повторувам, топката не е во наши раце, мора да се испочитува процедурата, вели Љајчи за Утрински.

Првообвинетите во случајот Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, веќе една година одлежуваат казна затвор во Косово поради поседување на нелегално оружје. ТИе се осудени на 2 години. Демири ја одлежува казната во градскиот затвор во Приштина, додека Исмаиловиќ е во „Дубрава“, Тие се под засилен надзор поради меѓународната потерница која ја распиша Македонија.

Скопскиот Кривичен суд во понеделникот, во нивно отсуство, ги осуди на доживотен затвор поради петкратното убиство кое беше

 

03.07.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега