Си се прогласиле за газди на плажа во Охрид - на вистинскиот сопственик му ја “извадиле маста“ за да молчи

Кривични пријави за охриѓаните Ј.М. (35) и Ц.М. (36), кои безобразно го  малтретирале сопственикот на ресторанот „Свис“ во населата Свети Стефан во Охрид.

Двајцата охриѓани, лани му се заканувале на газдата на ресторанот „Свис“, терајќи го да се откаже од купување на делот од плажата кој бил непосредно до неговиот ресторан. Поради сериозноста на заканите, сопственикт на „Свис“ не го користел тој дел од плажата, иако веќе имал склучено предоговор за купопродажба со Дебарско-кичевската епархија. ДВајцата насилници, Ј.М. и Ц.М. си се прогласиле за газди и бесправно си ја користеле плажата. Тие си го уредиле просторот и го издавале под закуп на други лица. Тие нелегално извеле и одредени градежни активности, поставиле угостителска опрема, без добиена согласност од ЕВН користеле електрично напојување и без добиена согласност од ЈП„Проаква“ користеле вода од градскиот водовод.

-Состојбите биле констатирани при извршени контроли на објектот во текот на јуни и јули 2013 година од страна на општинскиот градежен инспекторат, од државниот пазарен инспекторат и од ЈП„Проаква“ - Р.Е.„Водовод“ од Охрид. Во упатените закани пријавените го присилувале сопственикот на „Свис“ да им ги конпензира нивните предходно направени трошоци од повеќегодишното уредување на просторот со плажата, што според нивна пресметка изнесувало околу сто илјади евра, информира МВР.

03.07.2014 - 13:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега