Добри вести: Стршленот пронајден во Кавадарци не бил азиски

Стршленот кој го пронајде кавадаречкото семејство сепак не бил азиски, покажала анализата направена на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

- Ние уште вчера откако го видовме инсектот рековме дека првичните согледувања говорат оти не станува збор за опасниот азиски стршлен. За секој случај го однесовме во Скопје каде што само се потврди нашето мислење, вели Верица Клинчарова, биолог во Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во Кавадарци, пренесува МИА. 

03.07.2014 - 14:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега