Ниеден Македонец не настрадал во „Компас“

Нема оштетени граѓани на Република Македонија во последната полициска акција „Компас“ во која “паднаа“ десетмина хакери, информира директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски.

Според него, Дирекцијата за заштита на лични податоци подолго време предупредува на опасноста од големиот број измами кои се случуваа на интернет и, како што рече, граѓаните треба да бидат особено свесни за тоа.

- Најновата акција на МВР всушност е и прв ваков оперативен зафат за таканаречен „фишинг“ што означува еден вид на измама што опфаќа збир на неовластени активности на социјалните медиуми насочени кон кражба на идентитет и лични податоци, а со цел остварување на одредена имотна корист, рече Ѓеорѓиевски на денешната прес-конференција.

Дирекцијата за заштита на лични податоци денеска уште еднаш ќе објави листа на препораки и информации кои им се најпотребни на граѓаните за  да се заштитат од ваков вид на измами.

Директорот Ѓеорѓиевски упати апел секој граѓанин на РМ за каков било совет да се упати до Дирекцијата, а особено во врска со можните измами на социјалните мрежи кои што нудат огромни можности, но и предизвици и опасности.

- Дирекцијата за заштита на личните податоци има своја база преземена од МАРНЕТ, така што  сите оние  субјекти регистрирани со домеин што на крај завршува со „мк“ можеме да ги провериме во истиот момент, бидејќи тоа е наша законска обврска. Прашањето е за сите оние коишто во домеинот завршуваат на скратеници „ком“ или некој друг тип коишто се надвор од подрачјето на покривање на институциите на Република Македонија, рече Ѓорѓиевски

Директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци информираше дека на денешната собраниска седница е усвоен Извештајот за работата на Дирекцијата за 2013 година кога беа поднесени вкупно 404 претставки од граѓани и потенцира дека само во првата половина од 2014 година се поднесени речиси ист број претставки, а во врска со социјалните мрежи, како и во 2013 година една третина  од вкупнит број претставките се однесувале на повреди на социјални медиуми истото продолжува и оваа година. 

03.07.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега