Пукање во скопски Бутел - познат скопски адвокат во болница

Познат скопски адвокат е повреден во пукање кое попладнево се случило во скопската населба Бутел. Според првичните и неофицијални информации, адвокатот чиј идентите се уште не ни е познат се наоѓа во Градската болница во Скопје и е надвор од животна опасност. Неофицијалните и се уште непотврдени информации говорат дека по пукањето, адвокатот само со своето возило со одвел до болницата. Наши читатели велат дека пред градската болница, спроти Собранието има полициски службеници и екипи на крим техника кои најверојатно вршат увид на возилото со кое се превезувал адвокатот. 
Од МВР потврдуваат дека имало вооружен инцидент во Бутел но не откриваат детали. Неофицјланите информации до кои дојде Press24 велат дека полицијата веќе има осомничен и трага по него.

03.07.2014 - 18:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега