Полицијата со шок бомби против насилните демонстранти- има уапсени

Шок- бомби употреби полицијата против насобраните во протестот против пресудите за случајот Монструм, јавува Република.

Според информациите, полицијата со тоа успева да ги одврати насобраните од кај Основниот суд Скопје кон Јајапашината џамија. Насобраните  фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи.

Според првичните информации најмалку двајца се приведени од полицијата. Околу илјада насобрани тргнаа од кај комплексот Чаирчанка денеска по попладневната молитва, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за обвинетите во случајот петкратно убиство на Смилковското езеро.

Насобраните кај ТЦ Мавровка со камења се нафрлија кон полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протести за Монструм: Крвави полицајци и солзавец

ФОТО: Демонстрантите го демолираат судот

 

 

04.07.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега