ФОТО: Дојдоа „Желките“ - демонстрантите потиснати со водени топови

ФОТО: Република

Демонстрантите се повлечени кон Јајапашината џамија, но сѐ уште фрлаат со камења и со солзавец кон полицијата.

Приведени се неколку лица, а припадниците на безбедносните сили со водени топови се обидуваат да ја растераат насобраната толпа која протестира поради пресудата за случајот „Монструм“. Полицијата засега ја држи ситуацијата под контрола.

Од Кривичен суд велат дека фасадата е комплетно уништена, искршени се надворешните стакла, судниците и канцелариите се оштетени, а повредени се шест полицајци, како и двајца од вработените во Судот. Полицијата со шок бомби во моментот ја растерува толпата кон Бит Пазар, велат од Судот.

Протестот првенствено беше најавен како мирен, беше организиран преку „Фејсбук“ и не беше пријавен во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца полицајци повредени - демонстрантите потиснати на Битпазар

ВИДЕО: Агресивните демонстранти маваат по полицијата

Протести за Монструм: Крвави полицајци и солзавец

ФОТО: Демонстрантите го демолираат судот

Полицијата со шок бомби против насилните демонстранти- има уапсени

04.07.2014 - 14:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега