ВИДЕО: Желките ги растераа демонстрантите

Како што беше најавено на социјалните мрежи, денеска по петочната молитва голема група на граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред Јаја Паша џамијата во Чаир кон скопскиот Кривичен суд.

Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците.

Полицијата со шок бомби и со водени топови ја растера толпата.

Според првичните информации најмалку двајца од демонстрантите се приведени од страна на полицијата.

Протестот првенствено беше најавен како мирен, беше организиран преку „Фејсбук“ и не беше пријавен во МВР.

 

 

04.07.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега