Адеми се запозна со познатиот Калеши

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска се сретна со познатиот албански сликар Омер Калеши, кој живее и работи во Париз.

На оваа прва средба, министерот Адеми истакна дека приоритет  во неговата работа на чело на ова министерство ќе биде продолжувањето на реформите во образовниот систем, но и дека придонесот на големите личности, како што е сликарот Калеши, се значајни за развојот на образованието и културата во нашата земја.

Двајцата соговорници дискутираа за организирање на бројни ликовни изложби, како и за поддршката што може да ја даде сликарот Калеши во оваа насока, кој меѓу другото ја прифати и поканата да реализира посети по уметничките училишта за да може директно да помага во развојот на оваа област.

На средбата, се потврди дека набргу во Македонија ќе се отвори и Галерија која ќе го носи името на големиот албански сликар Омер Калеши.

Калеши на новоименуваниот министер за образование и наука му честиташе и му посака успех во работата, а воедно и му подари книга за неговиот личен живот и дело, од авторот Јордан Плевнеш.

 

 

 

04.07.2014 - 15:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега