Протести за „Монструм“: Повредени шестмина полицајци

Полицијата со употреба на шок-бомби успеа да ги стави под контрола протестите против пресудите во случајот „Монструм“ и да ги одврати демонстрантите од кај Основниот суд – Скопје  кон Јајапашината џамија.

Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според досегашните информации, повредени се шестмина полицајци кои веднаш биле хоспитализирани во Градската болница.

Засега е познато дека полицијата привела најмалку две лица кои учествувале во протестите.

 Околу 1000 лица, по попладневната молитва тргнаа од пред Чаирчанка за да протестираат против доживотните затворски казни коии ги заработија шестмината обвинети во случајот „Монструм“. Кај ТЦ МАвровка, демонстрантите удрија по полицијата со поголеми камења.

Меѓу демонстрантите доминираа млади луѓе кои скандираа пароли во кои можеа да се слушнат зборовите „Полиција“, „УЧК“, „Терористи“, „Алах Акбар“. Демонстрaнтите носеа албански знамиња и знамиња со исламски обележја.

Сообраќајот во тој дел од градот е во застој и полицијата ја обезбедува околината.

Полицијата располага со воден топ и службени кучиња, како и возила на Брза помош.

04.07.2014 - 16:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа