Федерер е вториот финалист на Вимблдон

Роџер Федерер е вториот тенисер кој обезбеди пласман на Гренд-слем турнирот Вимблдон.

Швајцарецот кој инаку е четврти носител на Вимблдон, лесно во полуфиналето го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ (8-носител).

Вториот полуфинален  меч на Вимблдон, траеше само 101 минута, а во него на Федерар му беа потребни само три сета за да го добие Раониќ и тоа во сите три со идентични 6:4, 6:4 и 6:4.

За Федерер ова ќе биде осмо финале на Вимблдон каде има седум титули, а само во финалето 2008 година беше поразен и тоа од Рафаел Надал.

Во првиот полуфинален меч Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови го совлада Григор Димитров од Бугарија.

Ѓоковиќ ќе го игра своето трето финале, откако 2011-година во својот прв настап го освои трофејот со победата над Надал, а минатата година во финалето загуби од Енди Мареј. 

Финалниот меч во машка конкуренција ќе се игра во недела, а утре на програмата е женското финале.мс/19:36

Во него за титулата ќе се борат 6-носителка Петра Квитова од Чешка и Канаѓанката Ежини Бушар 13-та носителка на турнирот.

04.07.2014 - 19:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега