Се јавија и ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ: Да се смират тензиите во Македонија

Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да се воздржат од насилство. Ги повикуваме граѓаните и лидерите на државата да се соединат  и во дух на конструктивен дијалог  да се осврнат кон прашањата кои ги поткопуваат заемното разбирање и меѓуетничките односи, се вели во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на НАТО.

Во изјавата се додава дека сите граѓани имаат право на протест и да ги изразуваат своите гледишта на мирен начин, но не и право да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.

- Додека секој меѓуетнички инцидент или обид за поттикнување нетолеранција претставува можност за политизирање или искористување на ситуацијата за лична или политичка корист, тоа исто така претставува можност за отворање дијалог и за зајакнување на врските меѓу различните заедници. Ова е можност за лидерите да застанат во име на интегрирана Држава која целосно го почитува диверзитетот, стои во заедничката изјава

04.07.2014 - 21:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега