Тирана апелира на воздржаност и ладнокрвност околу случувањата во Скопје

Министерството за надворешни работи на Албанија во реакцијата околу случувањата во Скопје, искажува загриженост за „насилството што полицијата го применила за време на протестите на Албанците“.

При тоа се бара од македонските авторитети и надлежните судски инситуции да гарантираат праведно судење засновано врз докази за шестмината албанци.

- Насилството не придонесува во расветлувањето на прашањето и е на штета на меѓуетничките односи и хармонијата меѓу заедниците. МНР ќе продолжи со посебно внимание да ги следи случувањата во Скопје и апелира до страните да покажат воздржаност и ладнокрвност, стои во соопштението на албанското Министерство за надврошени работи. 

05.07.2014 - 11:24
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега