Мала група млади лица ја каменуваа општинската зграда во Чаир

Помала група на демонстранти, претежно млади лица и денеска се собра за да протестира против пресудата за случајот „Монструм“. За разлика од вчерашните протести кои беа масовни со присуство на неколку илјади претежно млади лица денеска нивната бројка е многу помала.

Порталб пренесува дека иако се најавувале масовни протести и за денеска, засега се известува дека десетици млади протестираат на улиците во Чаир кои што ја каменуваат Општинката Зграда.

Силно полициско обезбедување и денеска е присутно во тој дел од градот .

05.07.2014 - 14:46
Фото: 
порталб
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега