Половина Македонија игра спортска

Светското првенство е пред конечна разврска. Елиминациските рунди ги филтрираат репрезентациите на патот до легендарната Маракана. Повеќе нема резултатско тактизирање, победата е императив во секој натпревар. Мундијалот ја разгоре страста за фудбал, но и за обложување. Бројот на играчи, во овој период од годината, е драстично зголемен, анализира Лидер.

„На почетокот од Светското првенство играв со неколку ливчиња. Прогнозирав кои репрезентации ќе излезат од групите како победници, колку картони ќе бидат покажани, кои ќе бидат најдобрите стрелци, а типував и на резултати. Нешто фатив. Сега играм сингл, со повисоки уплати прогнозирам кој ќе биде победник на еден единствен натпревар“ – ни кажа Драги С. од скопски Аеродром.

„Не играм за многу пари, а веќе имав и добитно ливче. Имаше изненадувања, но сепак, мислам дека Германија ќе го освои турнирот“ – додава Дејан.

Сепак, ако се направи споредба меѓу бројот на тикети, уплатени за време на Светското првенство, односно во јуни, со она што се случува во март, април и мај, кога во својот зенит се најјаките национални фудбалски лиги, натпреварите од Лигата на шампиони и УЕФА, тогаш може да се изведе заклучок дека Светското ја спасува летната сезона. Па така, споредено со март или април, сега има двојно помалку уплати, но споредено со истиот период лани, кога немаше Светско, уплатите се далеку побројни.

„Обложувалниците очекуваат поголема заработка, но сепак, не драстично поголема, споредено од периодот кога се играат првенствените натпревари, кога има Лига на шампиони и УЕФА Европската лига. Заработката сега е поголема, споредено со лани, кога немаше Светско првенство, и тоа е очекувано“ – објаснува Филиповски.

Според анализите на обложувалниците, во земјава спортска типуваат околу 46 проценти од населението, малтене секој втор. Најголем дел играат на ситно, односно со мали уплати за скромни добивки. Вакви се 95 проценти од уплатите. Годишно во овој бизнис се вртат и по 100-ина милиони евра, а најголемите обложувалници се и меѓу најпрофитабилните 200 компании во земјава.

Повеќе на Лидер.

06.07.2014 - 10:35
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега