Македонски инженер киднапиран во Либија

Тројца инженери од Македонија, Босна и Херцеговина и Италија, што работеле за италијанска градежна компанија, најверојатно се киднапирани Либија, објави италијанската агенција АНСА.

Автомобилот на тројцата инженери е пронајден кај градот Зувара, западно од Триполи.

- Тие се исчезнати и веруваме дека се киднапирани, изјави претставник на либиските власти.

Македонецот Емилио Гафури, Италијанецот Марко Валиса и Босанецот Петар Матиќ се вработени во италијанската фирма „Пјачентини Конструциони“ од Модена.

Обидите да се дознае што се случило со нив, засега не вродија со плод.

Италијанското Министерство за надворешни работи го потврди исчезнувањето на нивниот државјанин, истакнувајќи дека се во контакт со неговото семејство.

Двајца италијански инженери беа киднапирани близу Дерна во јануари, а ослободени после три недели. Се уште нема информации за уште еден италијански државјанин, кој беше киднапиран во март.

Во Либија во пораст е киднапирањето на дипломати, странци но и Либијци, бидејќи властите не се во состојба да ги контролираат милициите кои помогнаа во симнувањето од власт на Муамер Гадафи во 2011 година.

МИА

06.07.2014 - 10:44
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега