Прсти да излижеш: Направете си мусака со мелено месо

Денеска на вашето мени за семејниот ручек нека ви биде мусака со мелено месо. Еве како да направите вкусна домашна мусака.

Состојки:

300 грама мелено месо 

4 компири со средна големина

1 главица компир

1 јајце

150 мл млеко

300 мл вода

сол и зачини

Подготовка:

- Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме, па го додаваме месото и ги пржиме заедно.

- Компирите ги сечеме на кругови и половина ги редиме во огноотпорен сад, потоа го додаваме месото и одозгора ставаме уште еден ред компири. 

-  Во  тавата каде што се пржело месото го ставаме млекото и јајцето, промешуваме, ја дотураме водата и ја преливаме мусаката

- Се пече во рерна на 200 степени околу еден час.

06.07.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега