Притвор за шестмина хулигани од насилните простеси - МВР работи на случајот

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува да работи на целосно расчистување на насилните протести од петокот, за идентифиување на сите вандали и хулигани кои што ја каменуваа полиција, ги повредија полициските службеници и ја оштетија зградата на Судот.

Ова го изјави денеска помошник министерот за вантрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека досега превземните мерки идентификувани се 24 учесници во насилните протести од петокот, од кои шест вчера се изведени пред судија на претходна постапка со кривична пријава за основано сомениние дека сториле кривично дело „учество во толпа и спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“.

МВР, нагласти тој, во моментот ги документира доказите за уште две лица кои во натамошна постапка исто така ќе бидат кривично гонети.

Против девет лица пак е поднесена прекршочна пријава и се издадени платни налози за глоби.

Врз основа на полициските видео снимки и снимките прибавени од медиумите, појасни Котевски, идентификувани се уште седум лица, дел од нив се обезбедени, а остантите ќе бидат повикани.

Во врска со вчерашните протести пак, МВР приведе три лица и по завршување на консултациите со Обинителството, ќе биде донесена одлука  дали и каква постапка ќе се превземе. 

06.07.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега