Направете вкусна Кус Кус салата

Напраавте вкусна кус кус салата, еве што ви е потребно.

Состојки:

200 гр кус кус

3 пиперки

2 домати помали

2 чешниња лук

200 мл вода

5 лажици маслинов зејтин

3 лажици балзамико

пола лимон сок

1 лажиче сол

малку кориандер

1 китка магдонос

Подготовка: 

Се става водата да зоврие со маку сол. Кога ќе зоврие се полива врз кус кусот и се остава да ја впие целата вода.
Пиперките се печат, лупат и сецкаат. Доматите се лупат и сецкаат на ситни коцки. Се заедно се додава во веќе оладениот кус кус. Лукчето се сецка и се додава во смесата.
На крај се зачинува со исцедениот лимон, балсамико, сол, бибер,кориандер и маслиновиот зејтин се добро се меша. Одозгора украсете со малку магдонос.

Имајте добар апетит!

06.07.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега