Дебарчанец го изгуби цело богатство преку ноќ

Засега непознат сторител, во саботата ја ограбил куќата на дебарчанецот А.А., оставајќи го без неговото богатство.

Според информациите од полицијата, крадецот влегол во куќата преку незаклучена влезна врата, ја пребарал, го демолирал мебелот и си заминал со 900 долари, 1.550 евра, 2.000 денари, еден мобилен телефон и златен накит.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

07.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа