Македонија домаќин на Светско првенство во ракомет

Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години кое ќе се одржува од 20. јули до 3. август.

Во борбата за медали се 24 репрезентации од четири континенти. Почетната фаза на првенството ќе се одвива во 4 групи кои ќе се играат во Скопје Струмица и Охрид (две групи).Преелеминарната фаза ќе трае од 20. до 26. јули, за потоа да следуваат осмина-финалните мечеви кои ќе се одржат на 28. јули во Охрид и Струмица. 

Натпреваите од Президент купот ќе се играат на 28/29 јули во Скопје. Четврт-финалните натпревари ќе се одржат во Охрид на 30. јули, додека домаќин на натпреварите за пласман од 9 до 16 место е Струмица, на 30/31 јули и 2. август. 

Полуфиналните дуели и натпреварите за пласман помеѓу 5 и 8 место ќе се одржат на 1. август во Охрид. Финалето, дуелот за третото место и натпреварите за пласман на 5/6 и 7/8 место ќе се одржат на 3. август.

07.07.2014 - 23:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега