ФОТО: Погледнете како Леброн го одржува телото кога е надвор од паркетот

Во моментов најдобриот светски кошаркар дваесет и деветгодишниот Леброн Џејмс е забележан како тренира со тешка од речиси стотина килограми гума од камион.

Тренингот на Леброн почнува од 6 часот наутро, со две чаши вода со протеини, па потоа заминува на трчање или возење велосипед. Потоа следи лесен појадок, па повторно напорно вежбање.  

Една од најтешките вежби е „шетање“ на камионџиска кума тешка стотина килограми.

-Важно е телото да се одржува во форма и во месеците кога не играме, вели Леброн.

08.07.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега