МВР гони двајца директори на Градски гробишта - Охрид

Кривични пријави си заработија Д.П. и К.П., кои додека биле директори на охридските Градски гробишта успеале да го оштетат претпријатието за преку 4 милиони денари. Кривична си заработи и Б.Т. кој несовесно си ја вршел работата.

Во 2011 и 2012 година, Д.П. и К.П. се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик. Потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но тие со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат. Комисија утврдила дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал. Вака, несовесните директори успеале да го оштетат претпријатието за 4.376.102 денари.

08.07.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега