Хакер прелажа и ограби газда на македонска фирма

46 годишниот П.Г. од селото Вардино бил сурово измамен и останал без 43.008 американски долари.

Според информациите од полицијата, П.Г., сопственик на фирма, на 26. јуни годинава склучил електронски договор за продажба со фирмата „Кибоку“ од Уганда, од која и претходно набавувал кафе. Истиот ден, испратил по електронска пошта профактура, на вкупен износ од 43.008 американски долари, но, профактурата била пресретната од засега непознато лице кое ја преправило во делот на жиро сметката и го оставил П.Г. да верува дека плаќа на вистинската жиро сметка.

По неколку дека П.Г. стапил во контакт со вистинскиот претставник на фирмата „Кибоку“ кој му кажал дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

08.07.2014 - 12:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа