НБА: За дрес на Леброн 50 илјади долари

Дресот на Леброн Џејмс, во кој настапил на натпреварот против Сан Антонио „Спарс“ кога составот од Флорида тргна да го брани НБА трофејот, на аукција бил купен за 50 025 долари, тврдат медиумите.

Интересно е дека фанот го поседува дресот на предводникот на Мајами „Хит“ испотен, бидејќи воведниот меѓусебен дуел на тимовите беше во арена без климатизација.

Дресот во кој настапил Џејмс чинел 50 илјади долари, а преостанатите на аукцијата биле поефтини.

08.07.2014 - 14:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега