Пекол низ цела Македонија - еве што ќе се случува со температурите

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Во поголемиот дел од земјата температурата ќе опадне за еден до три степени. Ќе дува умерен, а на повисоките места и на планините засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 25 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 29, а во дојранскиот регион ќе биде сончево со умерен јужен ветер и со температура до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, но сепак во одделни денови во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со можни ретки грмежи. Температурата на повеќе места ќе има тенденција на благо опаѓање. 

08.07.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа