Ужас: Дете се бори за живот - неговиот другар без возачка излетал од патот кај Кочани

Малолетник се бори за живот по страотната несреќа која утрово околу 5:15 часот се случила на регионалниот пат од Пониква кон Кочани.

Според информациите од МВР, несреќата се случила кај месноста викана Бела земја, кога автомобил „Голф“ со кочански регистрации, зад чиј волан бил 17 годишен кочанчанец без возачка дозвола, излетал од патот.

 

Со него во автомобилот биле четворица седумнаесетгодишници од Кочани. Возачот и тројца од сопатниците поминале со полесни телесни повреди, додека четвртиот сопатник заработил тешки повреди и е пренесен на скопските клиники.

Со него во колата биле четири малолетни лица на возраст од 17 години од Кочани.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата. 

Ова е втора сообраќајка за една недела на овој пат. Пред една недела таму загина трудница.

08.07.2014 - 15:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега