Галатасарај ја одби понудата на Барселона

Турскиот шампион Галатасарај ја одби понудата на Барселона за голманот Фернандо Муслера, кој според плановите на каталонците требаше да го замени Виктор Валдес по неговото заминување во Монако.

Според шпанските медиуми, челниците на Барселона му понудиле на Галатасарај 17 милиони евра за 26-годишниот Уругваец Муслера, но Турците експресно ја одбиле понудата. Не е исклучено каталонците да ја зголемат сумата, но според извори во Барселона на кои се повикуваат шпанските медиуми, максимумот нема да надмине 20 милиони евра.

Фернандо Муслера дојде во Европа во 2007 година. До 2011 година беше прв голман на римски Лацио по што се пресели во Истанбул, односно во Галатасарај.

најчитано сега