Ахмети и Орав ги осудија насилните протести: Партиите да не поттикнуваат насилство

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари работна средба со евроамбасадорот Аиво Орав. Според информациите од партијата, Ахмети и Орав разговарале околу ситуацијата во земјава по изрекувањето на пресудата во случајот „Монструм“.  

Амбасадорот Орав нагласил дека официјален Брисел и претставниците на меѓународната заедница во Македонија, внимателно ги следат настаните. 

Ахмети, пак, ја нагласил потребата од мирна манифестација на незадоволството за да не се отежнува случајот. Тој нагласил дека очекува Апелациониот Суд ќе ги земе предвид сите општествени смонежи во врска со судскиот процес за случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно.

 

Ахмети истакнал дека ги разбира напорите на политичките сили да ги искористат овие незадоволства на граѓаните, но се надева дека искористувањето на ситуацијата не подразбира и поттикнување на насилство.

08.07.2014 - 15:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега