Попоски се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Брет, посочуваат од МНР, информираше за неговиот претстоен настап пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 24 јули, на кој ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

- Соговорниците разменија мислења за содржината на извештајот. Високо беше оценета соработката при подготовката на законите од медиумската сфера и изборното законодавство. Фокусот во тековниот период е и во делот на спроведување на Стратегијата за интегрирано образование, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и учество во јавните дебати околу предложените Уставни измени, соопшти МНР.

 

08.07.2014 - 15:51
Фото: 
влада
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега