Попоски се сретна со првиот амбасадор на Нов Зеланд

Првиот амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија, Тревор Донад Матерсон денешка беше примен од министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На средбата било искажано задоволството од отворените разговори меѓу министрите Попоски и Мари Меккали во Њујорк минатата година и првичниот безрезервен ангажман за акредитација на амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија.

-Од страна на Амбасадорот беше истакнат зголемениот интерес на Нов Зеланд за развој на односите и видливоста во Република Македонија. Воедно, ги истакна и трендовите во трговската размена на Нов Зеланд како економија со еден од најсилните земјоделски сектори во глобални рамки. Беше истакнат интересот од двете страни за поблиска соработка во делот на бизнис промоцијата. Нов Зеланд важи редовно за еден од лидерите според Извештајот Doing Business на Светска Банка, а Република Македонија е една од земјите со најголем подем во изминатите години, соопштуваат од МНР.

Во следниот период, велат од МНР, е предвидена интензивна комуникација во насока на подобро запознавање со можностите и предностите особено во економската но и образовната сфера меѓу двете земји.

08.07.2014 - 15:57
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега