Пандев постави нов рекорд на 200 метри

Најдобриот македонскиот атлетичар Ристе Пандев на митингот во Нојшател, Швајцарија постигна нов македонски рекорд на 200 метри.

Тој патеката ја истрча за 21.65 секунда и го собори рекордот стар 31 година на Исмаил Мачев, кој изнесуваше 21.80.

На истиот митинг во трката на 100 метри во Б-финалето Пандев истрча време 10.66 секунди што е за 5 стотинки послаб резултат од рекордот на Македонија на оваа делница.

Пандев го очекува настап на Европското првенство во Цирих од 12 до 18 август.

МИА

08.07.2014 - 16:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега