Пржен сладолед

8 топки сладолед со вкус по избор

1.ч.л. цимет

1ч.л. шеќер

3 белки од јајце

масло

ПОДГОТОВКА

 

Наредете ги топките сладолед во чинија и ставете ги во фрижидер 1 час, за да се стврднат.

Во длабок сад измешајте ги корнфлексите, шеќерот и циметот.

Во друг сад изматете ги белките од јајце.

Извадете ги топките сладолед и истркалајте го во садот со корнфлекси, така што да има корнфлекс од сите страни. Ставете ги топките повторно во фрижидер околу 30 минути.

Извадете ги и макнете ги во белката од јајце и повторно истркалајте ги во корнфлексот.

Ставете ги уште еднаш во фрижидер. Овој пат оставете ги 1-2 часа.

Во тенџере ставете доволно масло, за да можат да се потопат топките сладолед. Загрејте го на висока температура.

Извадете го сладоледот од фрижидер. Најдобро е да пржите по една топка. Ставете ја топката сладолед во жешкото масло и пржете 10-15 секунди. Вртете ја за да се испржи од сите страни.

Врз секоја топка може да ставите шлаг пена, парче плод или да ја прелиете со чоколаден прелив или мед.

Послужете го сладоледот топол.

Извор: Фемина

08.07.2014 - 20:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега