„Скопје, срцето на Албанија“ - протестите за „Монструм“ продолжија во Тирана

„Скопје, срцето на Албанија“, „Еден народ еден сон“ се дел од напишаните извикуваните пароли кои доцна попладнево се одржаа во ТИрана и северниот албански град Скадар во знак на поддршка на Албанците во Македонија. 

Протестот во Тирана се одржа пред објектот „Пирамида“ и на него присуствувал и европскиот шампион во бокс, Нури Сефери, кого го нарекуваат „Албански Тајсон“. Тој истакнал дека Албанците се мирен народ, не предизвикува омраза и дека треба да се стави крај на, како што рекол, насилството врз Албанците.

- Упатувам апел до Македонија да престанат малтетирањата кои му ги прави на албанскиот народ. Не не предизвикувајте, бидејќи албанскиот народ го сочинуваат 10 милиони обединети Албанци. Веднаш ќе се соберат, нема да седат со скрстени раце. Ние сме мирољубив народ, но доколку не прдизвикаат ќе бидеме принудени да делуваме, посочил Сефери.

Тој побарал од властите во Албанија и Косово, како и од меѓународниот фактор да реагираат.

Медумите на албански јазик во Македонија пренесуваат снимка од протестот во Тетово го посочија Сефери како лицето кое „професионално“ удрило полицаец. Сефери кој живее од Швајцарија најави дека ќе дојде да ги поддржи Албанците, а потоа демантираше дека бил во Тетово. 

08.07.2014 - 21:44
Фото: 
Утрински
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа