Македонското знаме запалено во Приштина

Македонското знаме беше запалено на протестите кои денеска се одржаа во Приштина против “насилството врз Албанците во Македонија“.

Протестот започнал од плоштадот Скендербег. Оттаму демонстрантите продолжиле до амбасадата на Република Македонија, извикувајќи пароли „Скопје на Албанците“, „Скопје, Приштина не те остава само“, „Али предавник“...

Демонстрантите кои излегоа на улица упатија апел до Косово и Албанија да го сопрат „шовинистичкото насилство врз Албанците во Македонија“. Тие побарале и да не се екстрадираат првообвинетите во „Монструм“, бидејќи, според нив, судскиот процес бил политички монтиран.

08.07.2014 - 22:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега